28/9/2007 - angelski lik na gjavolot
Кога бев мала ме учеа дека ангелите се чувари на луѓето и живеат во небесните сводови. Ме учеа дека ангелите се симболи на надежта, љубовта, верата, храброста, вербата и гордоста. Јас имав лажна среќа да го запознаам ангелот на гордоста. Мојот ангел на е само ангел на гордоста, туку и ѓаволски симбол на лагата. Неговото срце е студено и немилосрдно, неговиот поглед е убиствено неодолив. Кога ќе те прегрне ја заробува твојата душа и твоето срце. Несетно станува твоја опсесија и твојата душа станува негов роб. Потонуваш во неговиот свет, веруваш во неговите лаги. Му се предаваш со тело и душа, ја исцедува и последната капка крв од твоето жешко срце, го зема и последниот здив од твојата душа. Го опседнува твојот дух на надежта, ти ја одзема вербата да веруваш во надежта, се вљубуваш во него – во симболот на лагата, во лажните зборови, му ја предаваш својата душа на ѓаволот и стануваш него вечен слуга. Стануваш слуга на лагата, гордоста и немилосрдноста!
:: Obavesti prijatelja!

O meni

mojot najoglem smrten grev-SPAKY


Poslednje objavljeno
Meni

Prijatelji
Linkovi

      Naslovna strana | Napravi blog | Prijavite se