| |
29/9/2007
-
Еден Дел Од Срцево Во Пеколот Гори
| Заскитано. заборавено. оставено и никогаш на него сетено. едно старо писмо. еден сон недосонуван. една желба замислена и никогаш неисполнета. еден допир никогаш непочуствуван.
твоите очи светкави
твоите усни медени
твојот нежен глас
и спомен кој вечно ќе потсеќа на нас...
еден дел од стиховте со трепетна рака напишани и посветени на тебе. еден дел од мене, дел од срцево кое ти припаѓа тебе.
еден дел од нашето време, дел од тебе и мене.
еден дел од ветено и неисполнето. еден лист хартија и неколку капки крв на него. еден спомен од минатото кој прогонува до вечност.
моето срце-твоја сопственост
мојата душа-твоја робинка
мојата надеж-твое богатство
моите очи-црни дијаманти
мојата крв-твое вино
моите солзи-твој спас
МОЈАТА ЖЕЛБА-ТВОЈА ЗАПОВЕД.....
од срцево се ткае приказна за тебе. од душава се рони дел од нас. од болката во мене се дели верноста и капките крв исчезнуваат.
останува душава да пати
останува срцево да моли
остануваш ти во пеколот да гориш....
|
:: Obavesti prijatelja!
|
|
|
O meni

mojot najoglem smrten grev-SPAKY
Poslednje objavljeno
Meni
Prijatelji
Linkovi
|
|