...Остани спомен
Остани заборавено сеќавање
Остани копнеж и болка од минатото...
За спомените, сеќавањата, копнежите и болките нема место во срцево после тебе.
...Усните твои прокобен
бакнеж на вечниот заборав
Очите твои што поглед
ми праќаат болен
Твоето милување и твојот допир
прават рани и лузни
на телово
за вечен спомен на твоето проклето име...
И додека на месечината и ја раскажувам нашата приказна
ѕвездата под која сум се родила тивко и несетно изчезнува-
исчезнува таа исчезнувам и јас