|
Шал,
огледало прелеано со црно мастило,
црвени букви преку превезот
на мојата младост
која ја трошам покрај тебе.
Молчи,
не зборувај за тоа што се решавам да си заминам.
Модрици,
чаршав само за еден
и студ низ коските кои се ронат под твоите прсти,
си го сакам телото,
но ми ја уби енергијата,
каде сега со душа без симфонија?
Треба да плачеш,
затоа што се решив да си заминам.
Солзи,
повторно заборавив како е да се плаче однадвор,
крилца на пеперутки под стаклото,
смачкани,
преполни со кокаин.
Живеј,
сега кога си заминав.
|